Манастирот во Лешок  Св.Атанасиј
Историско-хронолошки преглед
Галерија
Кирил Пејчиновиќ
Анимација
3D модел на манастирот
3D за симнување (11,5 MB)
Автори
   

   Кирил Пејчиновиќ(1771-1845)

             Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце како даровито дете. Неговиот татко Пејчин најпрвин го дал да учи кај монах во разурнатиот Лешочки манастир, а потоа го продолжил образованието во манастирот Св.Пречиста Кичевска. Веке како возрасен Кирил се замонашил и сакал да служи на тетовската црква, мегутоа овде не бил прифатен па отишол во Марковиот манастир Св.Димитрија. Пред да оди во Св.Пречиста Кичевска тој го добил чинот јеремонах. По десет години поминати во Марковиот манастир, Пејчиновиќ бил прогонуван од фанариотските прогрчки свештеници бидејки неговите проповеди на населението биле пронародни и не потпагал под туѓи сугестии. Бидејки животот му бил доведен до опасност, Кирил Пејчиновиќ го напуштил Марковиот манастир и отишол во Света Гора да се посоветува со татко му и чичко му. Потоа со две натоварени мазги со икони и книги дошол во Лешок со намера да го обнови разурнатиот Лешочки манастир. Желбата му се исполнила и тој бил првиот игумен на обновениот манастир. Не само што се грижел како игумен за манастирот туку се посветил и на описменување на на донесени деца во манастирот.Таквата негова активност целосно ќе го пренасочи идниот животен пат на населението од Лешок и од полошкиот регион. Така, јеремонахот Пејчиновиќ успеал својата мечта да ја реализира преку визуелна перспектива за духовно богатство, која видно ја експонирала својата целовитост манастирот Св.Атанасиј во Лешок го изградил на локација на свето место на жариште на просвета и култура со национално значење за Македонија.

           Пејчиновиќ се обидувал со критики, совети и сугестии да ја подигне верската свест кај македонскиот народ, која во тоа време е и општествена. Верувал дека со зајакнување на верата, односно со истрајување во неа, македонскиот народ ќе успее побезболно да го поднесе турското ропство и со тоа да ја запре асимилацијата. Во своите беседи ги советувал луѓето убаво да се носат, да зборуваат на пат, а со тоа ја буди националната свест кај народот, свеста за тоа дека тие постојат со тоа што тие имаат свое достоинство, свој јазик, различен од турскиот.                                                                                                                                                                                                             

 

            

                                                                                                                                                      Галерија      

  


Галерија
Кирил Пејчиновиќ
Анимација
3D модел на манастирот


2006 Институт за Информатика, ЦДНН